Home

Книги од

Шри Чинмој

на македонски јазик


Шри Чинмој има напишано голем број на душевни дела за инспирација на човештвото. Преку своите дела, со едноставен и јасен стил, споделува сознанија за природата на духовниот живот и односот на трагачот со Бог. Одговори на илјадници прашања за духовноста од трагачи што патуваат по патот на личното просветлување и преобразба.


 


„Каде и да одиш, оди со инспирација и тежнение.
Што и да правиш, прави со љубов и грижа.
Кого и да гледаш, гледај го со убавината на чистотата и славата на одговорноста.“

– Шри Чинмој

Концентрација, медитација, контемплација

Прekу koнцeнтрaциjaтa стaнувaмe eднoнaсoчeни. Прekу мeдитaциjaтa ja ширимe нaшaтa свeст вo Прoстрaнствoтo и влeгувaмe вo нeгoвaтa свeст. Нo, вo koнтeмплaциja прeрaснувaмe вo сaмoтo Прoстрaнствo, a нeгoвaтa свeст стaнувa нaшa сoпствeнa.


Концентрација

Koнцeнтрaциjaтa знaчи внaтрeшнa буднoст и спрeмнoст.

Медитација

Мeдитaциjaтa знaчи нaшe свeснo рaстeњe вo Бeсkoнeчнoстa.

Контемплација

Koнтeмплaциjaтa ja упaтувa пoрakaтa нa неразделното eдинствo.


     „Не бавно,
туку молитвено
и душевно живеј
за да имаш срце од љубов
и живот на мир.“

– Шри Чинмој
Кој е Шри Чинмој?

Шри Чинмој е ретко отелотворување на древна дисциплина, мудрост и идеали. Човек со неугасива жед за олеснување на страдањето и за потполно исполнување на човечкиот род. Како неуморен иноватор, Шри Чинмој помина 50 години творејќи моќни фонтани на инспирација и охрабрување со неговите животни постигнувања од внатрешната дисциплина и посветеноста на Севишниот.

Лично уверен, охрабрен и мотивиран од некои од најголемите лидери и визионери на 20-тиот век, Шри Чинмој беше во можност да ги канализира возвишените енергии откриени одвнатре во солидни и практични алатки за подобрување на животите на неговите браќа и сестри.

Од неговото возвишено единството со човештвото, Шри Чинмој создаде посебен пат кон лична и заедничка радост и благосостојба што понизно и безусловно ја има понудено на стотици начини преку повеќе од четири децении, на многу разновидни и импресивни полиња.

Повеќе за Шри Чинмој

Творештвото на Шри Чинмој

Шри Чинмој користеше многу форми на пишан и говорен збор, вклучувајќи поезија, есеи, предавања, афоризми, прашања и одговори, приказни и претстави. Оваа разноликост на облици се совпаѓа со неговиот спектар на предмети, од хумористични приказни за животот на село и претстави за животот на духовните личности, до предавања за филозофијата на јогата и поезија на мистично восхитување.

Каде може да се најдат книгите?

Книгите може да се најдат во „Joy Café & Bakery“, ул. „Никола Тесла“ бр. 9а, Скопје.

 

Љубезни зборови

Љубезни зборови од истакнати личности за Шри Чинмој


„Толку сум задоволна со целата добра работа што ја правите за мир во светот и за луѓето во толку многу земји. Да продолжиме да работиме заедно и да споделуваме заедно сè за Славата Божја и за доброто на луѓето.“

Мајка Тереза Добитничка на Нобелова награда за мир

„Тоа што го правите е во интерес на целото човештво и на светот.“

Нелсон Мандела Претседател на Јужна Африка (1994-1999), добитник на Нобелова награда за мир (1994)

„Вашето срце што сака и Вашата длабока мудрост се предмет на мојата бескрајна почит.“

Михаил Горбачов Претседател на СССР (1985-1991), добитник на Нобелова награда за мир (1990)

„И Вие се стремите да го олеснете непотребното страдање и навистина помогнавте на многу, многу луѓе.“

Принцезата Дијана Принцеза на Велс (1981-1997)