„Тоа што го имаме е знак на почит и пријателство. Ова ти припаѓа тебе и прими го со цело срце. Јас ти ја врачувам оваа награда од мене како претседател, но исто така како и обична личност, твојот пријател Борис. Да ме имаш во твоите молитви и исто така да бидам дел од твоите благослови.“

Борис Трајковски Награда „Мајка Тереза“, доделена од претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски (1999-2004)

„И Вие се стремите да го олеснете непотребното страдање и навистина помогнавте на многу, многу луѓе.“

Принцезата Дијана Принцеза на Велс (1981-1997)

„Вашето срце што сака и Вашата длабока мудрост се предмет на мојата бескрајна почит.“

Михаил Горбачов Претседател на СССР (1985-1991), добитник на Нобелова награда за мир (1990)

„Толку сум задоволна со целата добра работа што ја правите за мир во светот и за луѓето во толку многу земји. Да продолжиме да работиме заедно и да споделуваме заедно сè за Славата Божја и за доброто на луѓето.“

Мајка Тереза Добитничка на Нобелова награда за мир

„Тоа што го правите е во интерес на целото човештво и на светот.“

Нелсон Мандела Претседател на Јужна Африка (1994-1999), добитник на Нобелова награда за мир (1994)